РЕФЕРЕНТНИ ФАРМИ / МАКЕДОНИЈА

Задруга Еко Илинден

„Осознавме дека во моментов во Македонија, PANTHEON Farming е единствена можност од ваков тип.”

Сузана Димитриевска

Управител на земјоделската задруга Еко Илинден

Сузана Димитриевска, управител на кооперативата, дискутира за групните искуства од задругата.

  1. Колку е голема Вашата компанија, колку вработени имате и колку време постоите?
    Задругата беше основана во Фебруари 2015 од страна на 11 произведувачи кои веруваат во концептот на органско производство. Во рамките на нашите производствени процеси, имаме вклучено околу 100 работници.
  1. Каде и како ги пласирате и продавате Вашите производи?
    Ние заеднички произведуваме неколку видови на производи како семе за сончоглед, мед, грозје, дињи, сточна храна, неколку членови чуваат говеда, овци и кози. Нашите производи ги пласираме најмногу во специјализираните продавници за органска храна.
  1. Зошто се одлучивте да го купите/изнајмите PANTHEON Farming?
    На самиот почеток имавме неколку проблеми: требаше да евидентираме цени на стоката, како да ги намалиме трошоците, како да ја зголемиме ефикасноста и да бидеме поорганизирани со цел да ги прибереме сите релевантни информации за управувачкиот тим, како да го зголемиме нашето производство во иднината, кога да користиме производи за заштита на културите, и како да ги користиме сите овие информации во вистинско време. Сето ова беше повод за да почнеме да размислуваме за набавка на ваква програма. Осознавме дека единствена ваква можност во Македонија нуди PANTHEON Farming.
  1. Какви придонеси очекувавте од програмата (на пример, издавање сметки, помалку трошење време на внесување податоци и изготвување извештаи, следење ресурси, полесна соработка со сметководствени служби, контрола на трошоци, повисока ефективност итн)?
    Извештаите и сметките се многу важни за сите операции што се случуваат во задругата
  1. Како би го опишале Вашето искуство со PANTHEON Farming?
    Работењето со PANTHEON Farming е навистина брзо и лесно. Штедиме многу време и исто така гледаме придонес во делот на поуспешно донесување одлуки. Исто така, на почетокот добивме одлична обука од вработените на Даталаб со одгвоори на сите наши прашања и совети за како да ги оптимизираме нашите процеси. Навистина е важно за секоја компанија која сака да биде успешна да има за пријател некој како Datalab Agro.
  1. Дали би сакале да додадете нешто?
    Еден од клучните фактори за успех во земјоделството е воведувањето на нови информациски технологии. PANTHEON Farming е токму тој производ. Се надеваме на обостран успех.
Share This