PANTHEON Farming

Интеграции

PANTHEON Farming ги интегрира најдобрите земјоделски решенија на пазарот

Временска прогноза

Meteoblue ни дава услуги за временската прогноза.
Заедно со измерените агроклиматолошки податоци од iMetos станиците сме во можност да им овозможиме на фармерите целосна слика за метеоролошките влијанија врз културите од минатото и за иднината.

ГИС (гeографски информационен систем)

Сите податоци на фармерот, како животни, машини, полиња, згради, имаат своја локација на земјата. Map Viewer е дел од PANTHEON Farming каде што сите тие податоци можат да бидат анализирани. Го додадовме и ГИС (географски информационен систем) кој преку Map Viewer ги комбинира и презентира информациите на начин на којшто фармерите можат да го видат и лесно да го разберат.

SatFeeds

Следното нешто што го интегрираме се слики од уреди кои функцинираат на далечина и индекси кои се пресметани од нив. Технологиите на далечинско управување се клучен алат за добивање на поголема слика за Вашите полиња. Во PANTHEON Farming ние ја додадовме услугата Sinergise која ја нарековме SatFeeds за да Ви дава далечински слики на Вашето земјишно стопанство на секој 5 дена, а чини 10 евра за 100 хектари.
Основни функции на далечинските податоци се мониторинг на земјоделството и испитување на здравјето на растенијата пред и после исхраната или наводнувањето.

Оптимизатор на култури

Во PANTHEON Farming ја интегриравме алатката за поддршка при донесувањето на одлуки од страна на одгледувачите наречена Оптимизатор на култури.. Врз база на математички модели за растот на културите, Оптимизаторот на култури Ви дава основи за економични одлуки кои заштедуваат вода и ѓубриво и се грижат истовремено и за приносите и за профитот.

Сензори на поле

Во PANTHEON Farming интегриравме автоматски систем за мониторинг на штетници кој ги надгледува инсектите намамени во стапиците за инсекти. Врз база на независните од електрична енергија и резистентни на временски услови феромонски стапици кои испраќаат слики од заробените инсекти во PANTHEON Farming е возможно да се зголеми точноста и да се намалат трошоците за контрола на штетници на едноставен начин.

Роботи за молзење

DeLaval роботите за молзење чуваат податоци за молзењето на животните.PANTHEON Farming Ви овозможува да увезувате податоци за молзење од Вашиот DeLaval робот за молзење. Со еден клик корисникот може да увезува податоци за количината и квалитетот на измолзеното млеко за секое поединечно животно.

Земјоделска механизација

Како една од 160 членки на AEF (фондацијата за електронски уреди во земјоделската индустрија) сме вклучени во имплементацијата и воведувањето на електронски и електрични стандарди. Посветуваме внимание на компатибилноста без оглед на производителот како и информирање на земјоделската јавност за примената и корисноста од ISОBUS и други стандарди.

Мисијата на AEF е: „без оглед на тоа каква марка на трактор или софтвер купувате, сè тоа функционира меѓусебе.“

SOBUS стандард (ISO 11783)

Електрониката е клучниот водич за иновација во земјоделската механизација затоа што механичките подобрувања имаат ограничен потенцијал за зголемување на приносите. ISOBUS првенствено ја стандардизира комуникацијата и овозможува компатибилност помеѓу тракторите и имплементациите но исто така го олеснува преносот на податоци помеѓу мобилните системи и системите за управување со фарма, како PANTHEON Farming. Опремени со ISOBUS, фармерите кои управуваат со механизацијата се во можност да креираат задача како ѓубрење или прскање на одредено поле преку нивниот информатички систем за управување со фарма, да ги префрлат податоците во универзалниот терминал во нивниот трактор и да ја извршат нивната задача преку распрскувачот на ѓубриво. Податоците од завршената работа потоа може да биде префрлена во системот за управување со фарма за потребите на документирање и повторно да биде користена во друго време.
Фармерите кои инсистираат на користење на различна боја/марка на механизација ќе имаат корист од купувањето на ISOBUS орпемата, доколку целта им е да внесат уште повеќе комфор и ефикасност во нивното работење.

Share This