PANTHEON Farming

Поддршка

Поддршката за квалитет е од суштинско значење за да добиеме операции кои течат непречено и непрекинато. Тимот на Datalab Agro им нуди на фармерите достапност на поддршка преку повеќе канали.

Работи кои треба да се земат предвид пред имплементација

Потребна технологија

Персонален компјутер
Паметен телефон
Таблет (незадолжително)
Брза интернет конекција

Локација на базата на податоци

Вашите податоци се зачувани во базата на податоци, која се наоѓа на Вашата фарма или на cloud.

Безбедност на податоците

Со податоците се постапува и се обезбедувани според строги интернационални стандарди за безбедност.

Ние можеме да Ви помогнеме преку паметен почеток

Постои една основна логика која е заедничка за сите денешни системи за управување па и земјоделството не е исклучок. Тоа е пристап кој се базира на подготовка на системот да работи за Вас на најдобриот можен начин и да можете да го однесете директно на терен. Треба да инвестирате време и пари на почетокот и доколку го направите тоа, користењето на системот ќе биде едноставно за Вас. Колку повеќе податоци внесувате, толку повеќе ќе имате корист од системот, толку повеќе избори на можности да направите за Вашиот бизнис.

ФАЗА 1

Документација за процесите

Анализа на моменталната состојба
Подготовка/селектирање на решение за корисникот

ФАЗА 2

Конфигурација на системот

Основни подесувања
Пренос на податоци
Интеграции, надоградувања, дизајн на документи
Дефинирање на авторизации

ФАЗА 3

Обука на корисникот

Инсталација на системот
Внесување податоци по функции
Преглед на основните подесувања
Извештаи
Обука на корисникот – комуникација со поддршката

Преземете го Вашиот детален план на имплементација

Култури и животни

Пакет за имплементација

Производители на вино

Пакет за имплементација

Производител на овошје

Пакет за имплементација

Производител на зеленчук

Пакет за имплементација

The Service Desk Contract

Договор за сервисирање

Комплетно портфолио на услугите кои се скроени по Ваши потреби и Ви заштедуваат пари.

Потребните активности за непречено работење на програмата вклучуваат помош при инсталација, надоградување и миграција, општа поддршка за користење на програмата и друго. Datalab Agro наплаќа провизија на ваквите услуги според ценовникот за услуги. Но Вие можете да склучите договор за сервисирање со кој добивате времена фиксна поддршка (според ставките од договорот), пониски трошоци за поддршка и приоритетен третман.

Поддршка за PANTHEON Farming

Вашиот PANTHEON Farming не е само лиценца. Ние Ви нудиме решение со континуирани надоградувања со нови и подобрени додатоци, и достапност на поддршка од наша страна.

Knowledge Base

Основни знаења

За брз и лесен вовед во работата со PANTHEON Farming, сите нови корисници имаат пристап до бесплатна помош, поддршка и воведни курсови за почетници, кои ги поставуваат основите за работење со програмата. Документацијата е бесплатно достапна на нашата страна за корисници, порталот за целосни информации за корисникот,, каде ќе најдете дополнителна помош околу Вашите барања.

Ние работиме на создавање на онлајн заедница на PANTHEON Farming, во којашто фармерите можат да си помагаат меѓусебно.

Personal Assistance

Лична помош

Корисниците на PANTHEON Farming имаат широк спектар на помош и поддршка на нивно располагање, понудена директно од Datalab Agro. Помошта и поддршката ги вклучуваат пишаните и видео документите, директна телефонска поддршка, или директно на поле преку онлајн апликациите. Поддршката која ја нудиме ние на нашите партнери e на високо техничко ниво и е достапна во сите земји во коишто Datalab Agro е присутна. Тие исто така имаат дополнителна техничка помош на располагање од Даталаб.

Training and Courses

Обуки и курсови

Секој месец подготвуваме специјализирани PANTHEON курсeви за корисниците. Курсевите, работилниците и конференциите се одвиваат во Академија на Даталаб,или преку онлајн семинари (вебинари).

Обуките се скроени според нивото на познавање на корисниците – основно ниво за почетници и напредно ниво за напредни корисници на PANTHEON.

Контактирајте не за понатамошна поддршка

За подетални информации побарајте не на телефон или испратете ни меил

Share This