PANTHEON Farming

Придобивки од PANTHEON Farming

PANTHEON Farming не е единствена технологија. Тој интегрира повеќе системи и прибира податоци во реално време. Преку интерпретација на податоците и нивна анализа, PANTHEON Farming овозможува широк спектар на одлуки во врска со управувањето и резултира со зголемување на профитот од работењето на фармата.

Произведете уште повеќе

Секое поле има посебна приказна и бара посебен третман за да се постигне максимален можен профит од него.PANTHEON Farming во делот на агроклиматологија Ви дава можност за брзо и прецизно стратешко планирање и одлучување. Ве поврзува со низа податоци од различни извори (како метеоролошки станици) и Ви дава информации за времето, температурата, водата и почвата од секое поле.

Реагирајте брзо

Бизнисот на фармата е често зависен од природни влијанија како екстремни временски услови или ширење на штетници.

PANTHEON Farming се грижи за овие фактори и ги предупредува фармерите да се фокусираат само на најважните проблеми. Користи мониторинг кој е поддржан од сателит и механизми за предупредување. Сувоста на почвата, недостаток на хранливи материи, штетници и болести нема никогаш повеќе да Ве изненадат.

План за профит

Изборот на најдобри култури за специфични типови на почва и нивно правилно третирање прави значајни разлики во структурата на Вашите трошоци. PANTHEON Farming Ви дава анализи за управувањето со фармата кои предвидуваат настани. Апликации како Оптимизаторот на култури и Планот за ѓубрење Ви даваат сигурност дека профитот е во прв план.

Оптимизација на исхрана на животните

За да се произведе квалитетно млеко и месо, Вашите животни треба да бидат правилно хранети. Ова може да биде поврзано со значителни трошоци, особено доколку производството не е набљудувано одблиску.

Плановите за исхрана на PANTHEON Farming Ви овозможуваат да го оптимизирате производството до перфекција. Можете да осигурате високи нутритивни вредности и воедно да ги држите под контрола трошоците за исхрана. PANTHEON Farming е способен да се интегрира со машините за исхрана и молзење за да уште повеќе ги оптимизира овие процеси.

Секогаш со Вас

Управувањето со Вашата фарма е динамичен бизнис и сите тие податоци на можат да бидат оптеретувачки. Затоа, софтверскиот пакет PANTHEON Farming ја вклучува и мобилната верзија.Таа Ви овозможува да внесувате задачи или да ја прегледувате стоката на залиха во моментот. Едноставната и лесна за користење, мобилна апликација драстично ги намалува грешките предизвикани од човечки фактор и заштедува време.

Извештаи кои можете да ги користите

Модерното управување со фарма има потреба од јасни и корисни податоци. Но како да го постигнете тоа без да инвестирате многу време? Со PANTHEON Farming, можете да ги добиете сите извештаи кои Ви се потребни за неколку секунди. Целосно прилагодливи за потребите на различни фарми, можат да се користат за да се подобрат процесите на одлучување, да се добие поддршка од соработниците или да се скрати времето за добивање на субвенции.

Задоволете ги Вашите соработници

Со цел да го задржите бизнисот треба да бидат задоволени различни видови на надворешни соработници.PANTHEON Farming Ви ги дава сите потребни информации за да носите брзи и информирани одлуки, и да ги презентирате пред сите засегнати страни.

Имајте го целото знаење на едно место

PANTHEON Farming процесира информации за управување и информации од терен, кои се складираат во компјутерите и на сервери. На овој начин можете да приберете знаење за Вашата фарма и производството и да постигнете подобрар менаџмент на време.

PANTHEON Farming Ви ја дава моќта да ја менаџирате Вашата фарма попаметно.
Контактирајте не и ќе Ви помогнеме да изградите успешен бизнис.

Share This