PANTHEON Farming

Модул за сточарство

Прилагодени решенија за говедарски, свињарски, фарми за коњи, фарми за овци и кози, и фарми за живина.

PANTHEON Farming нуди комплетно софтверско управување со фарма чија што дејност е сточарство, без разлика на типот и големината на фармата. Ви дава можност за зачувување, архивирање и анализирање на податоците за секое поединечно животно и неговите индикатори, нуди чување на податоци, нивно менаџирање и оперативно сметководство во еден единствен информациски систем.

“Ништо не може да се спореди со способноста да се знае точно кој добавувач ви ја дава најдобрата стока,кој тип на сточна храна ви ги дава најдобрите резултати, како да се пресметаат оброците врз база на нивната хранлива вредност, и кога можете да го видите производството од почеток до крај во бројки, табели и извештаи.”
Здравко Панкретиќ

Говедарска фарма од Хрватска

Главни алатки

  • Насочување на земјоделските и сметководствените процеси со едно внесување на податоци.
  • Користење на мобилната апликација од страна на секој работник.
  • Прецизно предвидување на репродукциските настани.
  • Оптимизација на трошоците за исхрана и производство на млеко.
  • Следење на трошоците по животно
  • Следење на животните и намалување на појавата на болести.
  • Следење на третман на животните..
  • Табели и анализи за животни.

Следење на животните

Навремено евидентирање на движењето на животните Ви дава целосен преглед на моменталната локација на животните и историјата на нивните движења.

Оптимизација на планот за исхрана

PANTHEON Farming Ви помага да ги имплементирате најефективните програми за исхрана. Млечните говеда немаат стандардна програма за исхрана која може или треба да биде универзално применета. Всушност, програмите за хранење на млечни говеда треба да бидат прилагодени за индивидуални фарми, и идеални за секое животно, за да можат да ја искористат предноста на хранливите ресурси кои се достапни на производителот.

Автоматска пресметка на репродукциски настани

PANTHEON Farming автоматски пресметува кога важни репродукциски настани треба да се случат и дава преглед на репродуктивните фази на поединечни животни.

Подмодули на сточарство

Како додаток на основните алатки, специфичните модули Ви даваат можност да управувате со сите технички параметри на поединечни животни. Врз база на евиденциите за Вашите животни, Вие можете да ги следите нивните движења, трошоците за медицински третирања, параметрите за репродукција, информациите за лактациите и растот на животните.

Cattle

Модул говедарство

Модулот за говедарство Ви дозволува да увезувате податоци од Вашите автоматизирани системи за молзење, што Ви дава за можност за автоматско менување на податоците за произведените количества на целото стадо или поединечни животни. Преку дефинирање на содржината на оброците и сточната храна, Вие можете да ги оптимизирате приносите на млеко. Ова Ви овозможува да ги видите трошоците за исхрана на поединечни животни.

Sheep & Goats

Модул за кози и овци

Со модулот за кози и овци исто така може да увезувате податоци од Вашите автоматизирани системи за молзење, што овозможува автоматска промена на залихите на млеко од целото стадо или од поединечно животно.

Pigs

Модул свињарство

Со модулот за свињарство можете да го оптимизирате растот на Вашите животни преку дефинирање на оброците и сточната храна. Ова ќе Ви овозможи да ги согледате трошоците за исхрана на поединечни животни.

Horses

Модул коњарство

Модулот за коњарство Ви овозможува управување на сите технички параметри на секое животно. Врз база на Вашите евиденции за животните, можете да го следите нивните движења, трошоците и напредокот во медицинските лечења, репродуктивните параметри,раст на животните.

Poultry

Модул за живинарство

Во модулот за живинарство можете да управувате со процесите за поединечни групи на животни. Овде се вклучени конзумацијата на сточна храна, медицинските третмани и растот на животните, што го олеснува следењето на трошоците. Пријателскиот интерфејс ќе ви даде увид во групните движења на животните и моменталната состојба на живината.

Целосен бизнис преглед на Вашата фарма

Вашите податоци ќе бидат тековно ажурирани и ќе можете да ги прегледувате во секое време. Погледнете ги видеата за тоа како PANTHEON Farming Ви помага побрзо да управувате со бизнисот.

PANTHEON Вет – Решение за Ветеринари

Ние во Datalab Agro сакаме да оствариме полесна комуникација помеѓу фармерите и ветеринарите. Имајќи ја на ум можноста за функционирање заедно со други софтверски системи, го развивме развивме PANTHEON Farming Вет, самостоен модул во семејството на PANTHEON Farming.

PANTHEON Вет е сеопфатно решение за ветеринари кое е надополнето со мобилна апликација за да може да го користите и кога не сте пред компјутер. При соработка со фармери, ветеринарот може лесно да разменува информации за здравјето на животните.

PANTHEON Farming мобилна апликација
Дали знаевте дека преку користење на мобилните апликации се намалува времето потрошено за комуникација помеѓу вработените?
За повеќе практични информации погледнете ги нашите често поставувани прашања.
Дали би сакале да знаете зошто фармерите нема да имаат потреба од евиденција на хартија и во Excel?
Доколку Ви се потребни дополнителни информации, не двоумете се да нè побарате.
Share This