PANTHEON Farming

Култури, Зеленчук, Ливади и Пасишта

PANTHEON Farming Ви помага да водите евиденција за Вашите поледелски култури, зеленчук, ливади и пасишта.

Различните модули Ви помагаат да носите оптимални одлуки за различни видови задачи, давајќи Ви притоа рани предупредувања за да можете да реагирате навреме. Преку прибирање на сите податоци од фармата на едно место Ви даваме точна слика за фармата во врска со трошоците за одгледување на Вашите култури.

“На почетокот имавме неколку проблеми: моравме да ги бележиме цените на стоката, да откриеме како да ги намалиме трошоците, да ја зголемиме ефикасноста и да бидеме организирани во прибирањето на релевантни информации кои се од корист на менаџерскиот тим, како да го водиме нашето производство во иднина, и како да ги користиме сите овие податоци во даден момент.”

Сузана Димитриевска

Директор на задруга ЕКО Илинден, Македонија

Главни алатки

  • Насочување на земјоделски и сметководствени процеси со едно внесување на податоци.
  • Користење на мобилната апликација од страна на секој работник.
  • Оптимизација на процесите ѓубрење и наводнување.
  • Планирање, оптимизација и контрола на циклуси на култури.
  • Преглед на стока во магацини (складишта).
  • Мониторинг на штетници на повеќе места за прецизно утврдување на број на штетници.
  • Систем за алармирање во случај на зголемени популации на штетници.
  • Мобилен пресметувач на количество пестициди употребени на парцелата.
  • Мониторинг на болести.
  • Табели и анализи по култури.
  • Поедноставено управување со земјиштето.

Преглед на вкупни приноси од културите

Базирано на статистики за перформансите, производството на житарици е прикажано во вкупен обем и споредбено со другите сорти.

Оптимизација на работата

PANTHEON Farming Ви дава јасен преглед на ангажманот на секој работник и можноста за негово преместување со цел да се забрза некој процес.

Оптимизатор на култури

Помагајќи им на фармерите во наводување, ѓубрење и третирање со пестициди во вистинско време и соодветни количини, оптимизаторот на култури помага да се зачуваат ограничените ресурси и животната средина.

План на ѓубрење

Врз база на анализите на почвата и очекуваните намалувања на хранливите материи во почвата, можете лесно да ги пресметате потребните количини на ѓубриво за индивидуални култури.

Потребни ресурси за производство на тревни култури

Фармерите можат да проценат колку инпут ќе им биде потребен во иднина со помош на експертските модели на софтверот.

Далечински набљудувања на индексот на вегетација

Програмата ги интегрира софтверските слики од Сентинел 2, ги пресметува индексите, и служи како алатка за поддршка со која се врши мониторинг и се испитува здравјето на растенијата пред и по исхраната или наводнувањето.

Специјални додатоци

Како додаток на основните алатки, специфичните модули во себе содржат и соодветни посебни алатки.

Crops

Модул за поледелски култури

Преку селектирање на специфични култури (пченка, пченица, компири, тикви итн.), модулот го одредува производствениот циклус на културата и му дава можност на корисникот за проценка за времетраењето на циклусот и приносите. За секој производствен циклус на култура се доделува парцела или прилагодено култивирано подрачје, на кое што корисниците можат да применат различни заеднички земјоделски практики и мерки. Корисниците можат да ги снимаат дневните активности, вклучувајќи ги искористеноста на материјалите и машините.

Vegetables

Модул за зеленчук

Производството на зеленчук е карактеристично по тоа што има пократки сезони и користи повеќе земјоделски машини и опрема за производство (машини за берба, системи за наводнување итн.) Комерцијалното производство на зеленчук бара поделени и издефинирани задачи, кои ќе бидат надгледувани преку нашиот концепт за планирано производство.

Pigs

Модул за ливади и пасишта

Модулот за ливади и пасишта се занимава со перманентно култивирање на ливади. Како додаток на основните алатки, корисниците можат да ги префрлаат податоците поврзани со ливадите од интернет и да ги користат експертските модели за моменталните задачи.

Ситуации во кои PANTHEON Farming е потребен

  • Работните процеси не се поддржани од IT технологии.
  • Минимална или недоволна контрола на трошоци на фармата.
  • Неможност за следење на работниците, немање контрола врз нивната вистинска ефикасност.
  • Интуитивно работење.
  • Немање преглед на потребите за работа на одредени локации.
  • Немање можност за архивирање на настани и користење на материјал на нива.
  • Грешки во архивирањето.
  • Кражби на фармата.
  • Слаба споредба на трошоците наспроти приносите.
  • Недостаток на преглед на вистинските количини на произведени и продадени производи.ts.

Комплетен преглед на бизнисот на Вашата фарма

Вашите податоци веднаш ќе бидат поставени на соодветната платформа. Погледнете ги видеата за тоа како PANTHEON Farming ќе ви помогне побрзо да раководите со Вашиот бизнис.

PANTHEON Farming мобилна апликација

Дали знаевте дека преку користење на мобилната апликација ќе ја подобрите ефикасноста на Вашите вработени?

За повеќе практични информации погледнете го делот за често поставувани прашања.

Дали би сакале да знаете зошто фармерите повеќе нема да користат евиденција на хартија или во Excel?

Доколку Ви требаат повеќе информации, не двоумете се да нè побарате.

Share This