PANTHEON Farming

Нашата приказна

Datalab Agro AG е амбициозна млада компанија која развива модерен софтвер за најголемата индустрија на планетата – земјоделството, и креира едно од најголемите земјоделски ИТ решенија во регионот.

Datalab Agro AG

Компанија со седиште во Цирих, Швајцарија.

Datalab Agro AG
Е амбициозна млада компанија која развива модерен софтвер за најголемата индустрија на планетата – земјоделството. Преку нејзиниот производ, PANTHEON Farming, овозможува алатки за целосно управување со операциите на фармата и финансиите. Со оглед на развојната фаза во која се наоѓа земјоделството му треба поттик околу дигиталните алатки преку интервенција на индивидуално, национално и интернационално ниво. Во последните неколку години Datalab Agro AG разви услуги и трговија помеѓу различни земјоделски мрежи низ Европа.

Развојот на PANTHEON Farming, системот за мониторинг на земјоделското производство, започна во Datalab d.d. во фискалната 2011 години, а производот за првпат беше лансиран во јавноста во јуни 2012 година. Можностите на пазарот за производот се зголемија поради барањата за ФАДН извештаи во сите земји членки на ЕУ и кандидатите за членство во Унијата.

Datlab Agro AG е основана на 01.04.2014 година со цел тргување со PANTHEON Farming во Швајцарија и други пазари (кои не се покриени од страна на подружниците на Даталаб).

Со PANTHEON Farming се тргува во подружниците во:

  • Србија преку Даталаб СР д.о.о.
  • Македонија преку Даталаб МК д.о.о.

Во овие земји, PANTHEON Farming е локализиран што се однесува до законската регулатива и јазикот. Тоа значи дека програмата е подготвена да работи според законите и регулативата за сметководство во земјите во кои е користена.

Datalab Agro Менаџмент

Андреј Мертељ

Извршен директор

Андреј најдобро може да се опише како претприемач со страст за ИТ. По завршувањето на средно образование, студира компјутерски науки, но не ги завршува студиите и се откажува токму пред дипломирањето за да започне со кариера во претприемништвото.

Read More

Прочитајте повеќе
На шеснаесет годишна возраст ја објавува својата прва статија, една од многуте заедно со бројни предавања и книги. Скоро 30 години работно искуство во ИТ и 25 години во претприемништвото му даваат еден уникатен склоп на вештини и знаења, што својата трага ја остава врз PANTHEON, водечкиот ЕРП систем за мали и средни претпријатија во Југоисточна Европа. Неговата страст во моментот е градење на cloud за услуги за мали и средни претпријатија со Телкос и донесувајќи ги придобивките од ИТ кај фармерите. Андреј е претседател на Словенечката асоцијација на продавачи, беше претседател на Словенечката асоцијација за ИТ и телекомуникации во Стопанската комора за индустрија во Словенија, и е член на неколку тела за стандардизација. Тој беше владин советник за неколку ЕУРО промени, ДДВ и фискални регистри, и воедно е еден од најголемите противници на патентираниот софтвер на ЕУ и АКТА директивата. Тој често е ментор на настани за старт ап бизниси, ЦЕЕД и работилници за претприемништво.

Бенјамин Штенгл

Извршен директор на финансии

Бенјамин го заврши своето образование на Универзитетот Св.Гален (ХСГ), и во 2006 година ја доби титулата магистер за уметности во банкарство и финансии. Уште за време на неговите студии, тој развиваше решенија за бази на податоци и разботеше како аналитичар на податоци во финансиската индустрија.

Read More

Помеѓу 2006 и 2012 година работеше контрола на кредитен ризик во оддел за управување со богатство на УБС со фокус на имплементација на моделите за кредитен ризик во секојдневното работење.

Од 2012 е вработен како сениор консултант во Маттиг менаџмент партнери во Швајцарија. Во оваа улога, тој е одговорен за повеќе операции во мрежата на Маттиг во југоисточна Европа, главно за канцелариите во Виена, Братислава, Темишвар и Сибиу (и двата во Романија). Од 2014 година почнува да го припрема влегувањето на PANTHEON Farming на пазарот во Романија со целосно нов тим во Букурешт.

Андреас Маттиг

Извршен директор

Андреас Маттиг студираше на Св.Гален и на Сингапурскиот Нанианг технолошки институт за банкарство и финансии (М.А.) и интернационални односи (М.А.). Има докторат за финансии, исто така од универзитетот Св.Гален.

Read More

Прочитајте повеќе
После работењето во трговија и индустријата за финансиски услуги, Андреас е ко-основач на Маттиг менаџмент партнери. Тоа е консултантско биро развиено во 8 земји, каде Андреас е управител и претседател на бордот на директори. Освен дел од Datalab Agro, Андреас е исто така претседател на бордот на директори на Циме Капитал, приватно партнерство од Швајцарија. Тој останува поврзан со академијата, најмногу преку одржувањето врски со институтот за менаџмент во Св.Гален, во Сингапур, Азија

Мојца Јустин

Директор за продажба

Мојца има завршено Eкономски факултет на Универзитетот во Љубљана, и поседува магистратура за интернационална трговија. Нејзиното прво искуство со софтверски решенија е во 1996 година.

Read More

Прочитајте повеќе
Во ИТ индустријата работи од 2000 година, најмногу со провајдери на софтвер како SAP, С&Т, на мeнaџмент и продажни позиции и маркетинг канали. Мојца е вклучена и во други процеси на оперативно ниво, како сметководство, набавки, менаџмент на производство и материјали и контрола. Во последно време е посветена на менаџирање на старт-ап компании и отворање нови пазари за различни производи и услуги.

Таа кон тимот на Datalab се приклучи во Јануари 2014 година. Оттогаш ги зголемува продажбите на новиот PANTHEON Farming за управување со фарми во Словенија. Во ноември 2015 година ја доби улогата на CSO на Datalab Agro AG и улогата на Директор на Datalab Agro Slovenija.

Информации за компанијата

Адреса: Луј Пастер 5/4-5 1000 Скопје
Телефон: +389 2 3079 231
Факс: + +41 55 415 5401
Меил: info@datalab.com.mk
Интернет страница: www.datalab.ch
Директор: Андреас Маттиг
УИД: (UID): CHE-237.145.763
Сметка во банка: ИБАН: CH98 0663 3740 1502 0508 6
Swift BIC: RBABCH22633
Банка: SPARKASSE SCHWYZ AG, HERRENGASSE 23, 6431 SCHWYZ

PANTHEON Farming – Зачувување на суштинските вредности

Ние во Datalab Agro сме посветени на нови модерни производи, брза интеграција и достапност на производите за широка потрошувачка.Datalab Agro им нуди на фармерите производи од највисока технологија и услуги кои го подобруваат работењето во земјоделството.

Визија

Веруваме дека кога фармерите ќе бидат поткрепени со правилните алатки ќе ги максимизираат своите профити и ќе водат практики одржливи за животната средина. Сакаме да испорачаме единствен стандардизиран интерфејс кој ќе го реши секој проблем кој фармерот го има.

Мисија

Ние ја имаме храброста и способноста да ги трансформираме иновативните решенија во корисни алатки кои заедно со системот за менаџмент на PANTHEON Farming ја подобруваат и зголемуваат ефикасноста на фармерите.

Амбиција

PANTHEON Farming е првиот најдобар избор за информатички системи за управување за фармери.

Бизнис цели

  • Да го намалиме губитокот преку менаџмент воден од податоци на фармата
  • Да ги поврземе фармите дигитално со екосистемот (добавувачи, земјоделски консултанти, сметководители, итн.)
  • Да ја намалиме/автоматизираме бирократијата
  • Да ги унифицираме чувањата на податоци
  • Да го однесеме земјоделството во ерата на информатиката!

Суштина на брендот – континуирана иновативност

За да биде дел од заедницата на Datalab,Datalab Agro е посветена на нејзината развојна филозофија
Кајзен и еволуционeрен развој на софтвер..

Овде во Datalab, ние веруваме дека во еволуциски развој на софтвер. Нашата развојна филозофија е најдобро опишана од јапонскиот термин збор Kaizen, што означува континурано подобрување и напредок. Овој концепт е силно присутен во заедниците за отворени извори, бидејќи неговиот еволуциски пристап ни овозможува да правиме брзи надградби со мали трошоци. Овие надградувања се базираат на повратни информации од страна на корисниците, јавно тестирање и кориснички групи. Предлозите се проценуваат и се користат како основа за одделни промени. Ова е проследено со развој, теститање и локализација, после кои се пуштаат во употреба со новите надоградувања. Корисниците можат да решат дали сакаат да го добијат тоа надоградување. На овој начин самите корисници стануваат развивачи на програмата.

Во последните осум години, ние ја усовршивме оваа методологија. Имаме специјални алатки , со кои автоматски ги генерираме локализирањата на програмата. Механизмите за следните барања во тесна врска со помошта за корисници, што ни дава можност да планираме, алоцираме ресурси и ефективно да ги информираме корисниците. Серверите на интернет ни дозволуваат да создаваме и објавуваме видео прирачници за употреба. Исто така развивме сопствена алатка за пишување на упатства за користење – Документорот на Datalab, што овозможува уредување и синхронизирање на упатства за користење на повеќе јазици.

Креирањето на вакви алатки за зголемува продуктивноста на нашиот развоен тим и е една од најголемите причини за успех на Datalab.

AgroIT е проект финансиран од ЕУ кој имплементираше платформа врз база на отворени стандарди. Проектот ги донесе апликациите и услугите до повеќе субјекти: фармери, локални заедници, државни институции, институции за консалтинг во земјоделството (финансирани од Владата и приватни) и ЕУ институции.

www.agroit.eu

Кариера во Datalab Agro

Дали ги согледувате огромните предизвици со кои се соочуваме за да им дадеме поддршка на фармерите да произведуваат поздрава храна и имаат поодржливо земјоделство? Дали сакате да им помогнете на земјоделците на нивниот пат кон ерата на информатички технологии? Доколку да, ќе се вклопите потполно. Слободно контактирајте нè!

Отворени позиции во моментот

No Results Found

The page you requested could not be found. Try refining your search, or use the navigation above to locate the post.

<div class="quick_help_min">Зачленете се за да го добивате нашето писмо со новости</div>
Share This