PANTHEON Farming

 

Модул за грозје и вино

Сè што Ви е потребно за да управувате со Вашите лозови насади и активности во винарската визба.

PANTHEON Farming Ви овозможува да управувате со Вашите лозови насади и/или визби преку следење на целиот процес од одгледување на грозјето се до амбалажирање на виното, и притоа константно да имате преглед на производствените трошоци и квалитетот на виното.

 

“Ако производителот на вино не води точна евиденција за време на процесот на производство, голем дел од податоците и забелешките можат да бидат изгубени, заедно со можноста да се учи од добрите и лошите практики и шансата да се стане подобар производител на вино.”

Дамир Лучиќ

Фармер и специјалист за овоштарство и лозарство во Datalab Agro, Хрватска

Винарска визба во Вашиот џеб

Производителите на вино ги управуваат сите задачи во визбата користејќи основни алатки. Вие можете да користите додатоци со детален интерфејс доколку сте корисник коj има поголеми барања од софтверот.

Винарство

Невозможно е да произведете уникатно и висококвалитетно вино од лошо грозје. Одгледувањето на квалитетно грозје никогаш не е препуштено на случајноста, туку е резултат на внимателно планирање и конзистентност во извршувањето на задачите. Дополнително, метеорологијата игра важна улога во детерминирање на квалитетот.
Добрите временски прогнози можат да бидат искористени, а лошите избегнати, само доколку однапред ги знаете нив и начинот на којшто треба да делувате.

Главни алатки

  • Оптимизација на процесите на производство на вино
  • Управување со дневните задачи: садење, ѓубрење, заштита, култивација и нега, механички задачи, косење, берба и други задачи, како и мониторинг на штетници на повеќе локации за нивно прецизно утврдување
  • Системи за алармирање во случај на зголемени популации на штетници
  • Мобилен пресметувач на пестициди кој ја пресметува количината на потребни пестициди на парцелата
  • Мониторинг на болести
  • Модул за планирање и оптимизација на механизацијата и работниците
  • Табели и анализи за производство на вино

Производство на вино

Го развивме модулот за производство на вино преку внимателно набљудување на потребите на модерните производители на вино. Модулот овозможува архивирање и преглед на сите процеси при производството на вино. Тој е алатка за полесни пресметки и организација на работата со цел да се произведе вино на најефикасен начин. Користејќи го, производителите на вино можат да ги зачуваат уникатните квалитети на нивното вино под максимална контрола.

Главни каратеристики

  • Сите задачи во визбата се покриени, од гмечење на грозјето до продажба на вино во амбалажа.
  • Операциите можат да бидат следени за секој контејнер, вклучувајќи ја и потрошувачката на материјали.
  • Преглед на статусот во визбата
  • Табели и анализи за производство на вино

Ситуации каде модулот на PANTHEON Farming е потребен

  • Процесите не се поддржани од ИТ.
  • Минимална или недоволна контрола на трошоци.
  • Неможност за следење на работниците и контрола на нивната ефикасност.
  • Интуитивно работење.
  • Немање преглед на потребите за работа на одредени локации.
  • Немање можност за архивирање настани и користење на материјали на насадите.
  •  Грешки при архивирањето.
  • Кражба на материјали од фармата.
  • Ниска споредливост на односот трошоци-приноси.
  • Недостаток од преглед на вистински количини  на произведени и продадени производи.ducts.

Целосен бизнис преглед на Вашата фарма

Вашите податоци ќе бидат моментално поставени и ќе можете да ги прегледувате во секое време. Погледнете ги видеата за тоа како PANTHEON Farming Ви помага побрзо да управувате со бизнисот.

PANTHEON Farming мобилна апликација

Дали знаевте дека преку користењето на мобилни апликации се минимизираат грешките при архивирање на податоците?

За повеќе практични информации погледнете ги нашите често поставувани прашања.

Дали би сакале да знаете зошто фармерите повеќе нема да евидентираат на хартија или во Excel?

Доколку Ви се потребни било какви дополнителни информации, не двоумете се да не побарате.

Share This